Вести Македонија Топ вести

Кои експерти ќе влезат во работната група за уставни измени – дел одговориле дека се двоумат?

Дел од правните експерти поканети од министерството за правда да учествуваат во работната група за подготвување на уставни измени за Телма потврдија дека ќе учествуваат, дел се уште не одговориле или одбиле. Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда Рената Дескоска има дилеми пред евентуално да ја прифати поканата.

„Не сум се сретнала со премиерот, ниту со министерот за правда во врска со уставните измени. Не сум дала согласност за учество во работна група за измена на Уставот. Моето евентуално учество ќе зависи од задачата која ќе биде зададена и форматот на работната група. Во моментов информациите во јавноста за овие прашања се нејасни“ – вели професорката по уставно право на правен факултет, Рената Дескоска.

И академик Владо Камбовски добил покана но вели дека нема да учествува во групата бидејки нема постигнато политички консензус и смета дека работите се поставени наопаку.

Мора да има силен политички договор и поддршка за промена на Уставот.

Не може групата да работи без тоа. Има процедура која треба да се почитува, рече Камбовски

Професорот Јетон Шасивари потврди дека дал позитивен одговор исто како и поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска.  Во рамките на мојата 10 годишна пракса во ЕСЧП и 10 години во Уставниот суд на БиХ сум подготвена да дадам мој придонес во оваа експертска група, ни одговори Николовска.

И доскорешниот коалиционен партнер во владата, Алтернатива нема да номинира претставник во работата група но би учествувле на евентуална лидерска средба.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и денеска повтори дека нема да учествуваат во работната група и потсети дека претставници на власта биле тие што првично го споменувале хрватскиот пример  за уставни измени како добар модел.

И Демократскиот сојуз нема да учествува во работната група.

Бараат пред да почнат уставните измени, владата да обезбеди реципроцитет и Македонците да бидат признаени во Бугарија и да може да се организираат и здружуваат.

Претходно претседателот Пендаровски номинираше претставник, професорот Александар Спасов,  а тоа треба да го сторат и Секретаријатот за европски прашања и  Министерството за надворешни. Министерот за правда им остави рок да се произнесат до понеделник.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе