Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 6.4.2023

Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови претпладне ќе има локални врнежи од слаб дожд, на некои повисоки места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3°C, а максимумот од 6 до 14°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-7 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -4 Крушево, -1 Крива Паланка, Берово, 0 Прилеп, Дебар, Виница, Тетово, Куманово, 1 Битола, Штип, Охрид, 2 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 3 Струмица, Дојран, Демир Капија, 5 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

5 Пожаране, 3 Маврови Анови, 2 Попова Шапка, 1 Крива Паланка, Дебар, Битола, Тетово.

Висина на снежна покривка во 8 часот (во см)

7 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 2 Пожаране, Крушево.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Елон Маск стана првиот човек на планетата кој „вреди“ 1 000 000 000 000 долари

Дејан Дејан

Нова авиолинија и карго железничкото поврзување на Македонија и Турција

Дејан Дејан

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе