Вести Македонија Топ вести

Двајца уапсени, се трага по трето лице за убиство во казино во Скопје

Двајца се уапсени, а се трага по трето лице осомничено за убиство кое утринава се случи во казино во центарот на Скопје, дознава Телма. Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и вооружаната група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе. На крај со пиштол е убиен 46-годишен маж.

„Во 08:05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул. „М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А (46) од с. Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А подлегнал на повредите.Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Од обвинителството соопштија детали по првичната истрага на лице место.

„Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнала да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството“, соопштуваат од ЈОРМ.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.​​

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе