Вести Економија Македонија Топ вести

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Иако во просек цените на нафтените деривати се намалуваат за 0,10 проценти, бензините и дизелот поскапуваат, додека екстра лесното масло за домаќинство и мазутот поевтинуваат.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 87,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 90 денари.

Цената на дизелот ќе изнесува 87,5 денари за литар, што е за половина денар повеќе од досега. Од друга страна, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 2,5 денари и ќе чини 86,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот, чија нова цена ќе биде 46,223 денари за килограм.

Од ноќеска престанува да важи и владината мерка за пониска акциза и кај бензинот и дизелот од 2 денари..A веќе не важи ниту попустот од ОКТА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење за Пулс: Обвинетите полицајци не ги направиле потребни проверки и со тоа дискотеката „Пулс“ добила лиценца за работа

Дејан Дејан

Мицкоски: Денеска минимално поскапување на горивата, од следна недела значително ќе се намалат

Дејан Дејан

Уапсена е мајката која го тепаше и остави на асфалт своето три месечно бебе

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе