Вести Македонија Топ вести

Вознемирувачки случај во Тетово – мајка го удирала во асфалт своето тримесечно бебе

Граѓани во Тетово вчера попладне биле сведоци на морничава сцена, а најверојатно и спасиле живот на бебе, кое било тепано и фрлено на земја од мајката.

Како што соопштија од СВР Тетово, околу 15:30 часот, мајката на тримесечното бебе, била забележана од случајни минувачи. Тие успеале да и го одземат бебето па да се јават во полиција и Итната медицинска помош.  Два часа подоцна во Тетово, полицајци ја нашле 42 годишната мајка и ја привеле.

„Во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот. За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово

Од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Тетово информираат дека по дојавата на случајот до нив од полиција, дежурна екипа излегла на терен и заминала во Клиничката болница.

Таму добиле добиле информација дека бебето иако има повреди, не е во животнозагрозувача состојба па ќе биде задржано на болничко лекување неколку денови.

„Мајката на бебето е лице познато на службите во Меѓуопштински центар за социјални работи во Тетово и за други случаи со оглед дека е мајка на поголем број деца.Воедно таа е лице без соодветна лична документација. Бидејќи тримесечното бебе е родено во Општина Чаир, со тамошниот центар за социјални работи и Јавното Обвинителство се разгледуваат можности за одземање на родителско право на 42 годишната жена“, соопштија од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Тетово

Во текот на вечерта од слобода бил лишен и 37 годишниот вонбрачен сопруг на 42 годишната жена.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо) Опозицијата со критики за предлог законот за правична застапеност

Mirjana Joveska

Кога конечно ќе се изгради автопатот до Блаце?

Дејан Дејан

 Во ЕУ се води сериозна дебата и за проширувањето и како таа да се реформира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе