Вести Економија

Изборот на надзорот за коридорите 8 и 10д според Законот за јавни набавки, тврди Јавното претпријатие за државни патишта

Постапката за избор на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д  од почеток до крај беше спроведена според Законот за јавни набавки,  порачаа денеска од Јавното претпријатие за државни патишта.

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми на брифинг со медиуми потенцираше дека постапката поминала и на управна контрола од каде кажале дека е според закон.

Не евалуирамe акционери, туку референци на компании кои немаат забрана за работа, рече Рустеми.

Ниту една од компаниите во конзорциумот за надзор, посочуваат, немала забрана за работа односно негативна референца.

Ако има негативна референца самиот електронски Систем за јавни набавки ќе го покаже тоа, велат од ЈПДП и појаснуваат дека со Законот како што се бараат документи за правното лице се бараат и за физичко лице, односно од Централен регистар и од судовите.

Од ИРД, конзорциумот избран за  правен и трансакциски советник и надзор, пак, исто така потенцираа дека фирмите во нивниот конзорциум немаат никаква забрана за учество  во постапки  за јавни набавки.

Проверуваме  дали ги исполнуваат условите што се пропишани  со огласот и  е утврдено дека ги исполнуваат, посочија од  ИРД.

Износот за градење е 1,3 милијарди евра, но се уште не се знае колку ќе чини одделно секоја од четирите автопатски делници. Сега има иницијален проект, па ќе следи основен проект, па проект на изведба со што ќе се знае цената.

Првичните пресметки покажуваат дека делницата Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри чини 125 милиони евра, Гостивар – Букојчани (30,3 километри) 560 милиони евра, Требеништа – Струга – Ќафасан (21,7 километри) 360 милиони евра, а Прилеп – Битола (39,4) 260 милиони евра.

Според министерот за транспорт Благоја Бочварски, првпат се воведува нова пракса со проектирање и изведба, а клучно е да се затворат коридорите.

Договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ беше потпишан минатата недела во Владата, а  Антикорупциската комисија отвори предмет  за да се проверат објавите за една од компаниите во конзорциумот избран за надзор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе