Вести Економија Најважни

Економско-социјалниот совет треба да донесе одлука за висината на минималната плата

Економско-социјалниот совет се очекува денеска да одржи седница на која треба да донесе одлука за висината на минималната плата.

Министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот обелодени дека седницата ќе се одржи денеска и на неа ќе се разговара за минималната плата.

Одлуката за висината на минималната плата се носи токму на Економско-социјалниот совет, потоа се објавува во Службен весник, за да може работодавачите да ги усогласат платите кои ќе ги исплатат за месец март со одлуката, односно со висината на минималната плата, изјави Тренчевска во видео изјава дадена во прес-центарот на МИА во Штип.

Очекувањата на Владата, според досегашните изјави на министрите од економскиот сектор, се дека минималната плата ќе изнесува околу 20.000 денари.

Секој март се врши усогласување на минималната плата. Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе