Вести Македонија

„Трикафта“ пристигна на детската Клиника, осум пациенти деновиве ќе почнат со терапија

Лекот „Трикафта“ за цистична фиброза пристигна во Универзитетската клиника за детски болести, соопшти денеска министерот за здравство Фатмир Меџети. Во соработка со другите институции, како што појасни тој, решено е најгорливото прашање на оваа категорија пациенти.

„Очекуваме со оваа терапија значително да се подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза“, нагласи министерот.

Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Фуштиќ рече дека лекот е пристигнат утрово и веќе се примаат пациенти кои треба да започнат со терапија.

„На Клиниката примаме шест пациенти, а двајца ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Од осумте пациенти, два се во навистина критична состојба. Седум пациенти се над 18 години, а еден пациент е дете. Добивме нешто пониска цена од предвидената, од онаа јавно објавена. Дадовме барање до Фондот за здравство, дополнително во рамките на истиот буџет, да бидат вклучени уште четири пациенти. Станува збор за годишна терапија, еднаш месечно ќе им даваме таблетарна терапија“, појасни таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе