Вести Економија Македонија Топ вести

Груби се пофали со договорот со Бехтел Енка, но во надзорот останува и Димитријевиќ-бегалецот од ерменската правда

По четиринеделните преговори меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД и меѓународниот конзорциум Бехтел Енка, Владата денеска го одобри договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д. Ова го објави и вицепремиерот Артан Груби на својот ФБ профил.

Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу Бехтел Енка и ИРД, преговори кои траеја 28 дена..

Договорот со Бехтел Енка е потпишан по закон кој пратениците специјално го изгласаа за да се овозможи без тендер.

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива со оценка дека законот е противуставен и наместо пазарно надавање нуди простор за корупција.

Но Уставниот суд ја одби иницијативата пред две години и го прогласи законот за уставен иако беше очигледно дека е наменет за американско-турскиот конозрциум.

Коридорот 8 е долг 68 километри, со планиран автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри истотака е предвидено да има  шест ленти. Треба да бидат изградени во рок од 3 години по отпочнување на работите..

На 2 февруари во Владата беше потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник за овој проект. Но, во договорот за надзор вреден 22 милиони евра се избрани и компании кои претходно имале забрана за учество во градежни проекти во Македонија.

Еден од подизведувачите на надзорот е и фирма поврзана со Бранислав Димитријевиќ кој поради сомнителни зделки на автопатишта избега од притвор во Ерменија со помош на македонски дипломати.

Антикорупциската комисија најави дека ќе се произнесе за потенцијални корупциски ризици за договорот за надзор кој треба да го вршат и бегалци од законот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе