Вести Економија Топ вести

Франција ги ограничува цените на основните производи за храна – трговците на страна на народот – се согласиле да имаат загуби од милиони евра

Француската влада влера склучи договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите.

Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде оставен на нивна дискреција, „на најниско можно ниво“ до јуни, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Ова ќе го претвори април до јуни во „квартал против инфлација“, додаде тој. 

Трговците на мало се согласија да ги сносат трошоците за иницијативата, за која Ле Мер рече дека ќе изнесува „неколку стотици милиони евра“.

Инфлацијата на храната беше 14,5 отсто во февруари на годишно ниво, според националниот институт за статистика ИНСЕЕ.

Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите.

Но, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.

„Без никакви фиксни правила за цените, таканаречената ‘намалена цена’ всушност може да биде само вообичаената цена“, изјави Оливие Андро од здружението UFC-Que Choisir за АФП.

Министерот Ле мер изјави дека ќе има проверки на самото место за да се осигураме дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход.

Ле Мер, исто така, рече дека владата ќе започне со тестирање на системот за „чек на храна“ за семејства со ниски приходи во текот на следните месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе