Вести Економија Топ вести

Водоводните претпријатија бараат поскапување на водата, РКЕ вели барањата се неосновани

Дел од барањата за поскапувања на водата за пиење за првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика се неосновани. Меѓу поинтересните пресметки кои стигнале до РКЕ се оние од охридски Водовод. Побарале 70 отсто зголемување на цената на водата. За Бислимовски ова е неприфатливо и отвара сомнеж дека барањата за повисоки сметки за вода имаат друга цел. Уште еднаш ги потсети овие претпријатија дека во работењето користат субвенционирана струја.

Како да ви кажам. Кога ќе поднесе некој барање цената да порасне 70 проценти нема тука реално, треба пред да го поднесеш барањето да мислиш. И што треба сега ние да направиме во Охрид ќе ја зголемиме цената на водата 70 отсто, за да можат јавните комунални претпријатија во целата држава да бидат фабрики за вработување, и до кај ќе тераме и на крај ќе немаме вода,вели Бислимовски.

Регулаторна неделава ќе одлучува за барањата на општините за новитетарифи на вода. Ќе се носат и нови одлуки за цената која ќе ја плаќаат скопјани. Минатата недела од скопски водовод демантираа дека поднеле барање за зголемување.

Ние не сме тука да се натегаме со водовод дали поднеле или не поднеле барање. Ние донесовме одлука согласно нивното барање, но имајќи предвид дека нивната струја е субвенционирана од државата и ќе продолжи, и таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција, и минималната ќе значи намалување, а максималната ќе биде каква што е. Јас верувам дека ова ќе биде поука за јавните претпријатија кога ќе поднесат барање, треба да останата до тоа барање, а не да политизираат. Ние не се скривме зад одлуката. 7 денари зголемување не е трошок нема потреба од популизам, вели Бислимовски.

Откако РКЕ ќе ги достави предлог одлуките, управните одбори на јавните претпријатија треба новите цени да ги достават до Советите на општините каде треба да се донесе конечна одлука.

Минатата недела РКЕ даде предлог за минимална и максимална цена за кубик, со која месечните сметки на скопјани би се зголемиле за најмалку 7, или за најмногу 34 денари. Овие одлуки биле донесени, откако водовод Скопје побарале корекција на цената. Од РКЕ тврдат дека тие во просек барале месечните сметки да се зголемат за 30 денари. Од претпријатието потоа излегоа со демант и тврдеа дека никогаш не барале поскапување на водата. Овие информации како неточни ги отфрлија од РКЕ и уште еднаш побараа комисијата целосно да го преземе утврдувањето на цената и на водата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе