Вести Економија Топ вести

Парите се потрошија, цените минимално се намалија- никој не знае колку пари државата потроши за поевтина струја за компаниите

Парите се потрошија, цените минимално се намалија. Но, никој во моментов нема точна пресметка, колку пари од буџетот кој го полнат и граѓаните се искористија овие месеци за дел од прехранбените компании да добиваат поевтина субвенционирана струја.

Ниту министерот Бесими, кој менаџира со државната каса засега нема таков податок. Но, вети дека во наредниот период ќе се направи анализа и секој денар на граѓаните ќе се знае точно каде завршил. Не одговори дали според него мерката била ефикасна, само го повтори она што го најави неговиот колега Бектеши, дека истата ќе биде укината.

„Секоја информација е транспарентна, тоа што се пари на граѓаните до последен денар ќе знаат граѓаните каде се потрошени парите и тоа апсолутно можам да ви кажам и ова лесно се пресметува“, вели министерот Бесими.

И првиот човек на ЕСМ, Ковачевски крева раменици. Тврди дека неговата компанија располага со податоци колку пари се наплатени од тие фирми, но бројка колку се потрошени за субвенционирана струја нема.

Овие фирми струјата, наместо од отворен пазар, ја добиваа преку ЕСМ Продажба по пониска цена од берзанската. Според податоците на ЕСМ во декември и јануари оваа поволност ја користеле 240 субјекти од прехранбениот сектор. За двата месеци потрошиле 12.702 MWh, за која им било наплатено над 1, 2 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе