Вести Економија Топ вести

Ако се укине субвенционираната струја, можно е ново поскапување на цените на прехранбените производи

Субвенционираната струја да се укине само за оние компании од прехранбениот сектор кои не ги намалија цените, а не за сите. Ова е барањето на дел од компаниите, по вчерашната најава на министерот за економија Бектеши дека на владина седница ќе предложи целосно укинување на оваа мерка – и за оние фирми кои го почитувале договорот и ги поефтиниле производите.

Од Сојуз на стопански комори бараат средба со Бектеши на која ќе се обидат уште еднаш да го убедат министерот дека помошта не треба да им се одземе на сите. Предупредуваат дека ако се укине мерката, цените повторно можат да отидат нагоре.

„Оние компании кои согласно договор не ги намалија цените, тие фирми  да се префрлат на слободен пазар и да се укине за нив , но за оние кои ја почитувале не треба да им се укине. Секоја компанија ќе направи анализа. Не би преудицирал, но може да се случи зголемување на цените“, вели Горан Ѓеоргиевски, потпретседател на ССК.

Дел од експертите, пак, сметаат дека ефектот од мерката не може да се утврди, затоа што нема контролен механизам. Велат дека за вака спроведената помош виновни се и креаторите, односно владата, но и компаниите кои ја користеа.

„Самата непредвидливост која се создаде направи поголема штета. Имаше очекувања и разочарување од граѓаните. Очекувавме 10 проценти, компаниите кои на почетокот ветија, не беа сите, но тие беа свесни дека трошокот не им е само струјата. Требаше јасно да го елаборираат тоа и да го најават тоа“, смета Борче Треновски, универзитетски професор. 

И откако дел од прехранбените компании три месеци користеа субвенционирана струја, која ја плаќаа граѓаните, а за возврат минимално ги намалија цените, Бектеши одлучи да ја укине мерката.

Вчера и од Организацијата на потрошувачи и предложија на Владата, наместо да ја укине мерката,  да бара фирмите да ги вратат парите.

Инаку, пресметки за тоа колку пари до сега се потрошени за оваа мерка, ЕСМ сè уште нема направено. Велат дека таква анализа била многу тешка, но уверуваат дека нивните служби веќе работат на пресметките. Во декемри и јануари субвенционирана струја користеле над 240 фирми од прехрамбениот сектор.

Сотир Трајков 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе