Вести Економија Топ вести

Граѓаните ги преплатија производите од субвенционираните фирми, еднаш преку државната каса, втор пат на каса во маркетите

Прехрамбените компании кои не ги намалија цените, да ги вратат парите кои се искористија за тие да добиваат субвенционирана струја. Потрошувачите лути. Сметаат дека, Владата од овие фирми треба да бара поголема одговорност, а не да им се укине ваквата помош. Со месеци користат субвенцинираната струја за која се црпат пари од буџетот, кој го полнат и граѓаните, а состојбата со цените е неиздржлива, и државата мора веднаш да реагира.

Јас лично се изненадив кога слушнав дека ќе им се укине субвенцинираната струја. Не треба да им укине ,треба да се бара од нив да ги вратат парите за таа субвенција дирекно во буџетот и истите да се искористат за граѓаните.   Се сеќевате кога им се даваше субвенција за фирмите, па тие пари не завршија кај работниците, нека им се земат и нека се користат за субвенции за зелена енергија и да се вратат назад кај граѓаните, вели Маријана Лончар, претседателка на ОПМ.

Тие со месеци бараа помош за да ги намалат трошоците во работењето. Скапата електирчна енергија ја посочуваа како еден од факторите зошто цените растат. Потрошувачите велат дека тие секогаш ќе најдат причина за да не се откажат од профитот.

Они секогаш ќе си најдат причина затоа што не сакаат да се лишат од профитот. Секогаш ќе викаат дека им е малку. Или да се замрзнат цените затоа што од мерката со ограничените маржи ние ништо не видовме, додава Лончар

Министерот Бектеши пак за Алсат соопшти дека 70 отсто од фирмите кои користеле субвенцинирана струја не ги намалиле цените. Најави парични казни за нив и затворање на некои компании, а до Владата ќе предложи укинување на мерката.

Инаку, во ЕСМ сѐ уште нема пресметка, колку пари до сега се потрошени од буџетот, за овие фирми  да добиваат субвенцинината струја. Анализата била сложена, но тврдат дека нивните служби почнале да работат на пресметките. Во декември и јанаури мерката ја користеле над 240 компании од прехрамбениот сектор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе