Вести Економија Топ вести

Повици објавени, склучени договори не – транспарентност или не кај ЕСМ

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска чека од ЕСМ извештај колку и како се одговарале прашањата кои оваа државна компанија ги добила преку барањата за слободен пристап за информации од јавен карактер, откако во јавноста беше посочена транспарентноста на оваа институција поради делумните или задоцентите одговори.

ЕСМ, од каде во неколку наврати преку соопштенија ја потенцираа нивната транспарентност, на веб-страницата ги има објавено само повиците за набавка на јаглен за ТЕЦ Осломеј и за РЕК Битола, но не и склучените договори додека за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино не е објавен ниту повикот.  Кризната состојба во енергетскиот сектор која е на сила овозможува ЕСМ да склучува договори во четири очи, но, сепак, тоа не ја исклучува обврската на државната компанија да ги објави откако се потпишани и спроведени.

Кога станува збор за ЕСМ Продажба, државната компанија преку која одат набавките на енергенси, гас, струја, мазут и јаглен, одговорно лице за информации од јавен карактер не е наведено на официјалната веб страница, иако компанијата постои веќе речиси пет месеци. Од пред десетина дена службеникот може да се сретне на сајтот на Агенцијата за заштита на парвото за слободен пристап на инфромации од јавен карактер што е уште едно кршење на законот.

Денеска вицепремиерката Грковска го презентираше Упатството за подобрување на транспарентноста во јавниот сектор кое предвидува институциите проактивно да ги објавуваат податоците кои подлежат на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Упатството ги набројува податоците кои институциите треба да ги објавуваат, а кои согласно Закон не се класифицирани како заштитени информации и кои само со едноставна посета на официјалната веб-страницата на институцијата, ќе може да се добијат и со тоа да се избегне процесот на поднесувања на барања за пристап.

Во изготвување на Упатството, покрај кабинетот на Грковска, учествуваа и претставници на Центарот за управување со промени и на Агенцијата за заштита на правото за пристап.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе