Вести Економија Топ вести

Цената на гасот во Европа на најниско ниво, Македонија за него плаќа речиси дупло повеќе

Цената на гасот во Европа падна под 50 евра за мегават час, најниска во последната година и половина.  Во изјава за Блумберг познавачите објаснуваат  дека ваквата  цена е постигната затоа што од една страна резерварите за гас се полни, а се приближуваме кон крајот на зимата. Од друга страна пак побарувачката е намалена. Сето ова отвори просот  за  значително поевтинување на  гасот.

Имаме ситуација кога добивме зголемена понуда на сурова нафта и гас. Наспроти тоа имаме намалена побарувачка од потрошувачот поради инфлацијата и заканата од рецесија. Исто така има и намалување на побарувачката од рафинирачката индустрија бидејќи во моментов тие се во режим на одржување, вели во изјава за Блумберг Роџер Мекнајт- главен нафтен аналитичар во меѓународната заедница.

И додека  гасот сериозно поевтинува, Македонија  за него  плаќа речиси  дупло повеќе ,односно  98, 7 евра за мегават час. Овој износ се постигна, откако и за февруари ЕСМ Продажба повторно склучи договор  со бугарската фирма Балкан Јутилитис  по фиксна  цена.

На послендиот повик беа пријавени  две фирми, Јутилтитис и Актаел која пак понуди 99, 8 евра за мегава  час.

Бугарскаат фирма Јутилитис испорачуваше гас во земјава и во јануари. Но, пресметките на крајните цени покажаа дека за претходниот месец со фиксниот договор на Јутилитис ќе се плати милион евра повеќе, а за месецов уште повеќе од  јануари.

Нов повик за нови количини  за март се уште нема. Но, се отвора прашањето кога ќе се објави дали по ваквите  цени на европскито пазар повторно ќе се бара понудувачите да имаат фиксна цена за  гасот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе