Вести Економија Топ вести

Синдикатот на Македонска пошта бара да не се вработуваат нови 30 луѓе – во фирмата има превработеност, и се доцни со плата

Синдикатот на Македонска пошта бара генералниот директор да ја преиспита и стопира одлуката за распишување јавен оглас за вработување на 31 административен работник  поради, имајќи ја во предвид, како што соопштуваат „лошата финансиска состојба со која се доведуваме во ризик за обезбедување  редовна плата за постоечките работници“.

-Во овие моменти на сериозна финансиска криза на друштвото, кога вработените во Пошта стравуваат за зачувување на своите работни места и егзистенција на своите семејства, предизвикани од лошата финансиска состојба на Друштвото како последица на намалените приходи и проблемите со кои се соочуваме во организација на работењето, генералниот директор на Пошта на РСМ распишува јавен оглас за нови вработувања во администрација објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ во изданијата од 16.02.2023, велат во соопштение од Синдикатот на Македонска пошта.

Оттаму потенцираат  дека од ден на ден загриженоста и неизвесноста кај вработените е се поголема, особено, неизвесноста за редовна исплата на плата во законски рок во нареден период- месеци, а дополнително загрижува фактот што доцни и исплатата на платата за јануари 2023 година во предвидениот законски рок до 15-ти во месецот.

– И покрај тоа се распишува оглас за нови вработувања и тоа во админстрација каде што има превработеност, а тие работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување. Сето ова е крајно несериозно и дополнително ја загрозува иднината и егзистенцијата на над 2000 вработени, посочува Синдикатот.

И во оваа состојба на криза и неизвесност на Друштвото, дополнуваат,не би биле против за нови вработувања доколку  се во согласност со реалните потреби на Друштвото, а се однесуваат за пополнување испразнети работни места од технолошкиот процес кои ќе допринесат поголема ефикасност и продуктивност во насока на стабилизација и зголемување на приходите на друштвото а со тоа подобрување на услугата кон граѓаните.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе