Вести Економија Македонија Топ вести

Еврообврзницата ќе чека назначување на нов министер за правда – ова може да предизвика дополнителна финансиска криза

Министерот за правда Никола Тупанчевски пред оставката не го потпишал мислењето за новата Еврообврзница што ќе значеше ново задолжување на државата од 600 милиони евра. Со ова процесот за задолжување со еврообврзница ќе се врати на почеток, а неизвесна е каматата која ќе биде назначена за новата еврообврзница. Каматата за еврообврзницата која пропаѓа беше 6,5% а најголемиот дел од средствата беше наменет за покривање на стари долгови. Можностите за поповолна камата се исклучени, вели за Телма поранешниот министер за финансии Хајредини.

  • „Ќе се повторат преговорите и напорите за издавање нова, друга еврообврзница, меѓутоа изгледите дека можеме да најдеме со поповолна камата се исклучени, имајќи предвид со што се соочува актуелната влада овие денови. Да очекуваш дека може да најде со пониска каматна стапка, тоа е незамисливо. Ќе дојдеме во уште потешка ситуација, како што гледаме, овие пари требаше да се користат за плаќање на стасани обврски од порано.“ – вели Хајредини.

Според Хајредини ова може да предизвика дополнителна финансиска криза која ќе се продлабочува со се поголемото одолговлекување на изборот на новите министри. Оставките на Тупанчевски, како и на неговиот заменик Нухиу кој заминува во образование, беа констатирани во Собранието на 13-ти февруари. Универзитетскиот професор Борче Давитрковски објаснува дека ако нема заменик тогаш ќе се чека нов министер.

  • „Доколку парламентот не ја констатирал оставката, бидејќи за оставката не се расправа, само се констатира. Ако не ја констатирал оставката, тоа значи дека министерот е уште во мандат. Ако ја констатирал оставката, тој нема мандат. Тогаш во тој случај, заменик министерот може да даде мислење за еврообврзницата. Ако нема и заменик министер, тогаш ќе се чека нов министер.’ – изјави Борче Давитковски.

Од Министерството финансии соопштија дека целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда.

  • „Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција. За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики“,  се вели во соопштението на Министерствот за Финасии.

По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да исплатиме 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година, и за која само во оваа година треба да се исплати износ од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе