Вести Економија Македонија Топ вести

Од УПОЗ со нови обвинувања до министерот Бесими – Ги скратил додатоците на плата за службениците, а им зголемил на обвинителите

Ги скратил додатоците на плата за службениците, а парите ги искористил да ги зголеми на обвинителите. Од УПОЗ со нови обвинувања до министерот Бесими. Велат наместо да им помага на оние со пониски примања, тој истите ги крати, а ги билда повисоките плати. Појаснуваат дека до сега овие додатоци на двете категории вработени биле исти. Но, зошто Бесими одлучил да ги намали за 5 отсто на службениците, одговор од финансии не добиле.

Овие додатоци беа на исто ниво. од финансии нема никакво објаснување. Единстевеното логично објаснување е дека сака да се направи раздор внатре во обвинителството. Плата на еден обвинител е околу 60 илјади денари, а на јавните службеници од 18 илајди до 31.000 денари, вели за Телма Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

Од финансии пак велат дека висината на додатоците во обвинителствата се утврдува со акт на јавниот обвинител во земјава, а во обвинителството за организиран криминал се уредува со акт на обвинителот кој раководи со него.

Но, Деановски за Телма тврди дека парите за додатоците ги префрла Минисетртвото за финансии, кое исто така треба да даде упатство кој, колку треба да добие.

Претходно кратко без плата министерот Бесими ги остави престедателот и неговиот кабинет. Нивниот колективен договор предвидува за јанаури примањата на државните службеници да пораснат за 5 отсто. Финансии тогаш оцени дека покачувањето е надвор од предвиденото со буџетот, иако за зголемувањето на овие примања тие се изјаснија дека обезбедиле пари од сопстевни средства. Но, договор се постигнал.

Од претседателскиот кабинет соопштуваат – административните службеници ќе добијат повисоки примања. Парите ќе се исплатат во следните денови. Покачувањето не важи за Пендаровски и советниците.

Бесими на крајот од минатата година одлучи за 32 отсто да ги зголеми примањата на дел од вработените во министертвото, со образложение дека од таму си заминувале вработените. Но, по реакциите во јавноста, и од синдикатите, и од експертите, дека одлуката е дискриминирачка,  истата беше повлечена. Во моментов се работи на нов Закон за плати, кој треба да стави ред со примањата во јавниот сектор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе