Вести Економија Топ вести

Бизнисот и сметководителите во заблуда – со кои пари да го платат екстра данокот

Сметководителите во заблуда. Со кои пари ќе се плаќа екстра данокот, кој дури сега влезе во собраниска процедура. Ова прашање се отвори, затоа што рокот до кој треба да се плати е 31 мај, а компаниите до 15 март треба да поднесат завршни сметки и со тоа за нив завршува претходната фискална година. Главниот проблем е што во трошоците за 2023-та, тие немаат планирано средства за овој данок. Со тоа се отвора уште едно прашање, од која ставка да кратат – дали од онаа за плати или за инвестиции. Немаат ништо против да се плаќа екстра днаок, но не да важи ретроактивно.

„Компаниите сериозно ќе мора да направат пресметки и реорганизација. Факт е дека ќе мора да се скрати од некаде. Дали тоа ќе биде од инвестиции или од тековно работење, секоја фирма сама ќе одлучува, но во секој случај ќе предизвика турболенции“, вели Александра Андреевска од комората на сметководители.

И од Стопанската комора реагираа дека со екстра данокот не се почитува даночниот календар со кои бизнисот бара сите даночни измени да се носат најдоцна до 30 јуни во тековната, а да важат од следната година.

„Со ова законско решение, тоа не беше испочитувано. Брзите промени во даночниот систем создаваат неизвесност, непредвидливост и дополнителното финансиско оптоварување кај бизнисите кои не се ставени во нивните биланси“, велат од Стопанска комора.

Вчера во собранието се изгласа потребата од носењето на законот за солидарност. Сега треба да се најде на комисија, но од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека тоа нема да се случи, сè додека за овој данок нема јавна расправа. Премиерот Ковачевски, пак, ги повика побргу да ја организираат.

„Едно е дали планираат да го блокираат  или да направат јавна распава. Јас сум бил заменик министер за финансии   и ние сме имале расправи и за други законски  решенија. Има постапка и  ако сметаат дека треба да се направи, тогаш нека ја направат“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

И дел од даночните експерти сметаат дека треба да има ваков данок. Но, се носи доцна и најверојатно нема да ги опфати банкарските профити и да го постигне ефектот- повеќе да се  оданочат екстра профитите.

Со данокот, проценките се дека ќе се опфатат 200 компании, а ќе се соберат околу 80 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе