Вести Економија Топ вести

Експертите со критики за данокот на солидарност – доцни, се истурка без јавна дебата и прашање е дали ќе биде постигнат ефектот

Данокот на солидарност се најде пред пратениците, но критиките од експертите не стивнуваат. Велат законското решение кое треба да се применува само годинава, дури сега влезе во собранието. Сметаат дека проблем е што данокот на солидарност се истурка без јавна дебата, а најверојатно со него нема да се постигне она што го очекува Владата – повеќе да се оданочат екстра добивките. Не се сигурни ниту дека со данокот ќе бидат опфатени банкарските профити.

„Цела 2022 година имаа доволно време, второ немаше јавна дебата за овој закон јасно е дека власта сака поголеми приходи во буџетот. Прашањето е кој се ќе влезе во тој круг на оданочување. Ние знаеме дека банките остваруваат добивки, но спорно е кога ќе ја споредат 2022 со останатите години веројатно основицата за оданочување нема да биде во тој обем во кој би требало и би посакувала  владата да ги оданочи екстра добивките“, вели Борче Смилевски, даночен експерт.

Денеска во собранието се изгласаа потребите од носењето на данокот на солидарност. Со него  фирмите кои направиле екстра профити само оваа година ќе бидат даночени со 30 проценти  солидарен данок. Заменик министерот за финансии, Николовски пред пратениците го образложи законското решение.

Законот за солиданост сега чека зелено светло од комисијата за финансирање и буџет. На листата се и измените во ДДВ-то како и данокот на добивка.

Според владините проценки, со законот за солидарност ќе бидат опфатени околу 200 фирми, а се очекува да се соберат, речиси, 80 милиони евра, пари кој планот е да се искористат за антикризни мерки.

Инаку, дел од бизнис заедницата досега неколку пати реагрираше дека законските решенија се носат без јавни расправи и консултации со засегнатите страни. Дека обврските на компаниите им се наметнуваат во пет до 12, а тоа им прави проблеми во креирањето на бизнис плановите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе