Вести Економија Македонија Топ вести

Температурите под нулата предизвикаа влечење на струјата од европската мрежа

Со првите пониски  минусни температури, земјава повторно се стврте кон струјата од европката мрежа. Повлечени нови количини за кои стигна опомена.

Откако првиот човек на Мепсо, Муртезани  ги обелодени овие информации,  министерот  Бектеши се правда се влечело, но најголем дел од струјата завршила кај трговците, а само мал било за  ЕСМ. Ваквото повлекување се случи во неделата, кога нагло паднаа температурите неколку степени под нулата, но и кога најголем дел од домашните енергетски  капацитети  беа на мрежа.

-Точни се податоците од МЕПСО. Сакам да ги уверам сите граѓани денеска имав координација со директорот на ЕСМ, струја не се увезува за потребите на регулиран пазар за домаќинства и малите потрошувачи.  Повлекувањето не е од страна на ЕСМ,  сите туку повлекувањата може да се направат од снабдувачите за компаниите кои се  на отворен пазар . Овие 1700 мегавати се само во недела и повеќето се од снабдувачите. Повеќето од повлекувањето е главно направено од тие што ги снабдуваат оние кои се на  отворен пазар, но и дел од ЕСМ, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Иако, Бектеши вели дека најголем дел  од влечењето на струјата било поради снабдувачите, во соопштението  на   ЕСМ стој  дека поради  драстичен пад на температурите  и зголемената потрошувачка,  се јавил кусок во неделата од  820 мегават часови што е  половина од повлечената струја.

Првиот човек  на  Мепсо  Муртезани во вчерашната Топ Тема, рече дека земјата добила опомена поради ваквиот потег, а клку ќе треба да се палти доправ ќе се утврдува.

-Во неделата ние имавме отстапување , но веднаш добивме предупредување. Несомнено е дека овој диспаланс е поради  падот на темепратурите и тоа се појавува во периодот на евтината тарифа тогаш има најголеми отстапувања во системот, рече Орхан Муртезани, директор на Мепсо. 

По ваквото повлекување од европската мрежа, Мепсо денеска испрати  и предупредување до сите снабдувачи, дека треба да  ја обезбедат потребната количина електрична енергија,  согласно склучените договори, а производителите да го реализираат планираното производство.

Во меѓувреме  дел од енергетските капацитети повторно или работат со преполовен капацитет или воопшто не се на мрежа. Осломеј не е во функција  веќе неколку дена, а од рано утринава не работи ниту блок 1 во Рек. Од ЕСМ тврдат,  централата и блокот  од утре  повтопрно ќе работат.

Минатата година поради влечењето на  струја од европската мрежа, земјава се доведе во ситуација да биде предупредена дека може да сноси санкции и да плаќа високи пенали.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе