Вести Економија

Поефтинува дизелот и бензините, но дали падот на дизелот под 80 денари/литар ќе ги спушти цените на такси услугите

Со одлуката на Регулторната комисија се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто, а новите цени ќе важат од полноќ (00:01 часот на 07.02.2023., вторник).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар. Цената на дизелот паѓа под 80 денари (79,5 денари) за 1, 5 поефтино за литар. 

Паѓа и цената на дизел горивото од кое зависи транспортот на патници и на стока. Цената на дизелот требаше да биде основа и за тарифите на скопските таксисти, но советот на град Скопје во јули ги зголеми цените и направи 3 тарифи без да определи граница за зголемување и намалување на цени.

Првичниот предлог беше првата тарифа, најефтината да важи при цена на дизел до 75 денари за литар, додека потоа се зборуваше дека границата за најефтината такси тарифа ќе биде 80 денари.

Но советот на град Скопје овозможи секоја компанија сама да си формира цени според тарифите без разлика на цената на дизелот. Така најголем дел од компаниите возат по средната втора тарифа (50 денари старт, 30 денари поминат километар, час чекање во место-420 денари), но има и компании кои возат по третата најскапа тарифа првично предвидена за цена на дизел над 120 денари за литар (никогаш не беше стигнато до тоа ниво).

За третата тарифа цените се 60 денари за старт, 35 денари за поминат километар, и 420 денари за час чекање (последната цена е иста како втората тарифа). Најефтината тарифа пак е 40 денари за старт, 25 денари за поминат километар и 300 денари за час чекање. Без разлика на цената на дизелот (меѓу 78 денари и 110 денари за литар), најефтината тарифа не е применета во скопскиот такси превоз од лани во август кога Советот на град Скопје ги изгласа измените на тарифникот за цени на такси услуги.

Со денешната одлука на Регулаторната комисија нема само намалени цени, туку и зголемени. За 0,065 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,411 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,13 отсто, кај дизелот за 2,692 и кај екстра лесното масло за 2,466 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,535 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,169 отсто.

КОД: Како е раширен октоподот Балкан Јутилитис и поврзан со контроверзниот руски милијардер Лебедев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе