Вести Економија Топ вести

Синдикатот на УПОЗ им порача на пратениците да не го поништуваат покачувањето на платите во финансии

Покачувањето на платите ќе го загубат, а сега им се закануават и со казни ако јавно се побунат. Втор ден вработените во минситерството за финансии не успеваат да организираат протест против одлуката на министерот Фатмир Бесими да го укине ветеното покачување на платите од 30 отсто. Иако измина еден месец откако одредбата е на сила, гранковиот синдикат им порача да тужат и да си ја наплатат зголемувањето за месец јануари на суд.

На Бесими, пак, УПОЗ му порача да си даде оставка. Причините се неговото несериозно однесување. Прво им вети на вработените, а синоќа сам пред министрите колеги побарал да се поништи покачувањето до 30 отсто на платите. Синдикатот сега гледа спас за вработените кај пратениците.

Вработените со денови не го кријат незадоволстовото од потегот на Бесими, но не делуваат од страв за своите работни места и позиции. Ги збунува одлуката како Бесими може да суспендира законско право и додаваат дека токму Бесими на дел од вработените и досега им давал додатоци на плата со образложение за „специфичност на работни места“.

„Дали Фатмир Бесими треба да раководи со министерството за финансии, особено ако пред два дена на јавен настан на Владата го бранеше зголемувањето на платите за да го задржи кадарот во министерството, па со вчерашните случувања веројатно истиот тој кадар не му е потребен, што произлегува дека брка од работа повеќе од 650 вработени во министерството за финансии и на своја рака прави упад во правниот поредок на државата и пременување на законите“, прашуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Одговор од Бесими кон вработените и синдикатите засега нема.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе