Вести Економија Најважни

Балканската компанија „Балкан Јутилитис“ регистрираше нова фирма за трговија на електрична енергија

Балканската компанија „Балкан Јутилитис“, која ги добива месечните повици за снабдување со природен гас на ЕСМ Продажба, сака да тргува со електрична енергија, дознава „Фактор“.

Компанијата изминатите денови под името „Балкан Јутилитис Трејдинг“, регистрираше нова фирма за трговија на електрична енергија со истите управители како во случајот со природниот гас – Тони Стефанов Баев од Бугарија и Савас Агапио од Грција и од истата адреса во Софија.

Балкан јутилитис е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“. Во мај 2008 станува акционерско друштво.

На 15 септември годинава оваа бугарска компанија добива 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“. Во решението на бугарската Регулаторна комисија се вели дека е микропретпријатие. Официјалните податоци за фирмата покажуваат дека во последните три години не ѝ одело баш најдобро.

Ниту законот за слободен пристап не може да ја извади банкарската гаранција на „Балкан јутилитис“ на виделина

Инаку цената на гасот на светските берзи за мегаватчас е пониска од фиксната цена што Македонија ѝ ја плаќа на бугарската компанија „Балкан јутилитис“ за овој месец – 98 евра за мегаватчас. Цената на берзите беше пониска и од онаа по која ЕСМ купуваше гас и во јануари

Заклучокот од претходните реакции е дека државата на овој начин загубила неколку милиони евра. Од друга страна, ЕСМ и Владата се правдаат дека е избрана најдобрата опција која е во прилог на заштита на граѓаните од подрастичен ценовен удар, поради непредвидливоста на берзите.

Цените на гасот последните месеци во Европа паднаа повеќе од 45 отсто, а во споредба со максимумите прикажани во август, тие паднаа речиси 5 пати. Според претходни коментари од експертите, тешко е да се коментира врз основа на кои процени е донесена ваква одлука.

ЕСМ продажба за февруари ќе купи уште поскап гас во споредба со претходниот месец од Балкан Јутилитис

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе