Вести Економија Топ вести

Ковачевски признава дека цената на гасот на бугарската фирма е повисока од берзанската, но уверува дека граѓаните се заштитени

Првиот човек на ЕСМ Ковачевски признава дека во моментов цената на гасот на берзата е пониска и има тенденција на опаѓање. Според податоците, таа се движи од 61 до 63 евра за мегават час, а онаа на бугарската „Јутилитис“ со која државните електрани склучија договор за набавка за февруари е фиксна цена и изнесува 98,71 евра за мегават час. По оваа цена, „Jутилитис“ гасот ќе го донесе до Жидилово. Сепак, Ковачевски вели берзите се непредвидливи. Ако дојде до нагло поскапување, граѓаните ќе бидат заштитени.

никој не може во вакви услови на криза и воен конфликт да предвиди дали ќе биде стабилна. Во моментов, да, се согласувам цената на берзите е пониска и има тенденција на опаѓање, но да не заборавиме дека на берзите се случуваат и енормни скокови и тука сме заштитени, вели  директорот Васко Ковачевски.

На стартот на грејната сезона ЕСМ набавуваше гас на краток период, од две недели. Тогаш образложението на надлежните беше дека таквата опција е подобра поради промените на берзите кои се случуваат. На прашањето дали и сега има шанси да се промени моделот, затоа што цените  на гасот паѓаат и договорите да се склучуваат на пократок период, Ковачевски не одговори.

Јас ќе ве замолам, гледам дека добро сте инволвирани во темата до следната конференција да ги истражите цените на берзите и оние кои ги плаќале за целиот период на кризна сосотјба, не само за февруари. Кажав ќе доставиме до економија и до владата за сите набавки на енергенси од почетокот на кризата заклучно со јануари, како сме купувале, како се движеле цените и каков бил начинот на плаќање, додаде Ковачевски

Пресметките на крајните цени покажуваат дека со изборот на бугарската „Јутилитис“ со фиксна цена, во јанаури за гас државата ќе плати 1 милион евра повеќе, а во февруари и повеќе од овој месец.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе