Вести Македонија Топ вести

Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда

Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупанчевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како  надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија. Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.

Но, токму професорот Борче Давитковски автор на Законот за здруженија и фондации, упатува дека министерството било должно да го спроведи надзорот и да констатира непостоење на важен документ, согласност за употреба на името на историската личност Иван Михајлов и регистрацијата да ја прогласи за ништовна, вели Весна Бендевска.

Од Правда пак не сакаа да коментираат за прекршочната постапка што ја поведе Комисијата за заштита од дискриминација.

Министерството за правда ќе се произнесе за прекршочната пријава откако ќе ја добие. Министерството според законот има обврска да  врши надзор над примената на одредбите на законот а не да врши надзор над работата на здруженијата, се наведува во одговорот од Министерството за правда.

Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите.

Во одговорот од Културниот центар се наведува дека мислењето на Комисијата е тенденциозно, а  подносителот на претставката, битолскиот Сојуз на борци не понудил докази дека Ванчо Михајлов е фашист.

За бугарскиот клуб, паушално и тенденцозно е и мислењето за оваа историска личност и од Институтот за национлна историја, потпишано од академик Драги Георгиев.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе