Вести Економија Топ вести

Постои ли во оваа држава поим „одговорност“ за доцнењето на проектите, Азески со пет прашања ѝ ја честита годишнината на владата

Со пет прашања првиот човек на најголемата комора во земјава Азески им ја честита годишнината на Владата. Во документот тој прашува, дали во оваа држава некој треба да одговара за доцнењето на инфрастуктурните проекти. Прашува и каде се сите оние млади за кои државата за 10 години има поторшено над 24 милиони евра, за тие да се образоваат на престижни универзитети, а кои по студиите требаше да се вратат тука и да придонесат за развојот.

Што е со нашите вундеркиндзи кои ги испративме на државна сметка на најпрестижните универзитети, а кои никако да се вратат и да и помогнат на државата. Каде се тие сега и за што се потрошени 150 милиони денари годишно, т. е. 1,5 милијарди денари за 10 години? Па нели заеднички на сите ни е обврската да ги зголемиме продуктивноста и конкурентноста ако сакаме економски развој!? Некој ќе рече дека увозот на работна сила подразбира  тесари, заварувачи, но не е лошо да се провери бројката на издадени дозволи за странски менаџери, а потоа да се објави како стојат работите на овој план, се вели во документото на Азески.

Азески го споменува и даночниот календар, кој е значаен за фирмите да можат да планираат и предвидуваат, но ѝ замери на Владата затоа што истиот не го почитува.

Нели се договоривме за даночен календар заради предвидливост на билансите на компаниите?! Ако се договоривме, тогаш треба да го почитуваме тоа. Ние не сме сами за себе, тука имаме и 200 странски компании и многу други странски капитални инвестиции за кои ова е нормална работа,  пишува Азески.

За  прашањата на Азески премиерот Ковачевски искоментира дека бизнсиот има право да прашува. А дали некој треба да сноси одговорност за доцнењето на проектите во земјава, Ковачевски вели  дека тоа се проекти во кои имало пропуст поради лошо менаџирање од оние претходно што владееле, а сега тие како Влада ги санирале проблемите.

И пред извесно време од бизнисот имаа забелешки дека Владата треба повеќе да ги слуша нивните предлози. А средбите кои ги имаат да не се сведуваат само на соопштенија во кои ќе биде потенцирано дека имале состанок и притоа ништо во однос на проблемите да не се промени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе