Вести Економија Македонија Топ вести

Не стивнуваат реакциите по одлуката на Бесими да ги зголеми платите во министерството за финансии

И експертите и синдикатите  со реакција на одлуката на министерот Бесими, со која од јануари  за 30 проценти пораснаа  платите на вработените во неговите редови.

Според  професорот  Абил Бауш, образложението  дека тоа морало да се направи за  да не си заминат  луѓето од  таму, не е оправдување.

Вели  во ред е да се зголемат, но не на ваков начин- плански и стихијно.

И од другите министерства луѓето си заминуваат, па не се направи корекција на примањата.

Смета дека одлуката на Бесими ќе  предизвика незадоволство  кај вработените и во други институции.

„Ова што го направи министерството за финансии, ќе има верижни влијанија или импакти ќе почнат сите да преговараат, а од друга страна имаме закон за администрација кој е во Собрание, каша попара е направено.Технички персонал во финансии да претпоставиме дека има 18 000 денари плус 30 отсто зголемување плата плус стаж ќе земе 30000 еден наставник во средно или основно има 30000 плата со сета почит кон персоналот“ вели Абил Бауш, професор.

И од ССМ  одлуката ја оценија како дискриминирачка и несоодветна.

„Сметаме дека сите работници во државата треба да имаат соодветно зголемување на платите ,не само за одредени работници и  институции. За останатите, предвиденото зголемување на платите за годинава изнесува само 5%. Но, има и институции каде ќе се кратат. Не може од предвиденото зголемување на платите од 5% во јавниот сектор, Министерот Бесими за своето министерство да искористи 30% за зголемување , а во  труд и социјална политика  да се намалат за 1,7%“ се вели во дописот од ССМ.

Пред два дена министеот Бесими објасни дека неговите вработени имале пониски плати од дргуите органи во составот на министерството,  УЈП и Царина. Рече дека  лани имало 40 откази.

Имало и раководители кои доаѓале и си заминувале,  затоа што на други места  им се нудат подобри услови.

Според Бесими во моментов зголемувањето на платите е решение за министерството да не остане без кадар.

Синдикалците пак минатата година речиси цело лето протестираа за зголемување на останатите плати во администрацијата согласно висината на минималецот. Но, пари  не се најдоа.

Во моментов се работи на нов законот за плати во јавниот сектор со кои се очекува да се  стави ред.

Сепак,  за ССМ ова ново законско решение ќе биде лошо затоа што со него се предвидува укинување на колективните договори, кои на некој начин ги штитат правата на работниците.

Инаку, со години се работи на тоа работата во јавниот сектор да биде поефикасна.

Финансии потпиша договори со Светска Банка и ЕУ за  нови средства  кои треба да се искористат  токму за поголема  траснпарентност за јавните финансии , но и за дигитализација на услугите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе