Вести Економија Топ вести

Бесими ги брани зголемените плати во финансии: Да не му избегале вработените

Министерот за финансии Бесими морал да ги зголеми платите за да не му бегаат луѓето од министерството. Ова е образложението зошто во оваа институција од јанаури примањата се зголемија за 30 проценти. Бесими се пожали дека неговите вработени имале пониски плати од другите органи во составот на министерсвото, како УЈП и Царина. Минатата година имало 40 откази, бројот на вработени се преполовил од 700 на 400,  и ова во моментот е решението за  министерството да не остане без кадар.

да го оставиме без вработени, да немаме буџет тоа е прашањето. Усогласување со органите за состав пониски плати имавме од УЈП и Царина и тоа е решенеито. 40 луѓе го напуштија министереството, доаѓаат раководители на сектори и си одат, едноставно на друго место имаат можности за подобри услови. Мораме да обезбедиме човечки ресурси да функцинираме и ова решение е додека се заврши со два закони, вели министерот за финансии Бесими.

Пред Нова година и неговиот колега вицепремиерот Битиќи рече дека зголемувњето на платите во финансии од 30 отсто, според него е мало и тие заслужувале повеќе.

Освен во финансии, повисока јануарска плата ќе добијат и во одбрана и во образование.

Евроамбасадор Дејвид Гир препорачува политиката треба да се тргне од јавната служба, и да се  остави простор на стучниот кадар. Дека во ред е да има финансии, но акцент да се стави на унапредување на админстрацијата, затоа што без стручна јавна служба земјата не може да се развива и да оди напред.

Со новиот закон за плати треба да се стави ред со примањата во јавниот сектор. Со новото решение се предвидува за иста позиција вработените во јавниот сектор да имаат и иста плата. Примањата да бидат хиерархиски, а највиската плата да ја има претседателот која сега изнесуваа нешто над 90 илјади денари. Дел од министрите веќе реагираа дека има дирекори со повисоки плати од министерските.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе