Вести Економија Топ вести

Првиот блок на РЕК Битола не произведува струја

Првиот блок на РЕК Битола не произведува електрична енергија, со што најголемиот производител на струја во државата работи со два блока, односно со две третини од капацитетот на среде грејна сезона. Од Државните електрани демантираат дека станува збор за дефект на постројката и тврдат дека исклучувањето е планирано токму сега кога останатите капацитети на АД ЕСМ можат да ги задоволат потребите за струја.

Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките, туку  е плански исклучен поради  повеќе интервенции. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција. Активностите се преземени  токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите, соопштија од АД ЕСМ.

Според извори на Телма првиот блокот е надвор од мрежа од вчера, со што РЕК Битола, само две недели работеше со полн капацитет, откако на 10 јануари беше ставен во функција третиот блок, кој пак не произведуваше електрична енергија повеќе од една година.

АД ЕСМ вчера произведе 16.600 мегаватчаса електрична енергија, но неизвесно е дали деновиве со намален капацитет, додека е надвор од производство првиот блок, ќе можат да ги задоволат потребите на домаќинствата, малите потрошувачи и останатите субјекти, кои со одлука на Влада се снабдуваат со струја од Државните електрани.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе