Вести Економија Топ вести

Клиниките плаќаат струја по берзанска цена

Наместо пониска од берзанската, добија струја токму по берзанска цена и плус маржа. Неколку клиники и инситуции кон средината на декември склучиле договор со ЕСМ Продажба за набавка на струја според пазарните цени на берзата  ХУПЕКС. Дополнително на тоа ќе платат и 5 проценти трговска маржа за набавка на струја. Осумте клиники ќе потрошат 2,6 милиони евра. Цените ќе бидат променливи во зависност од нивното движење на берзата. Кон крајот на септември пак  Владата на вонредна прес конференција, најави понски цени на струјата од берзанските за јавните здравствени установи.

Клинички центар пак кон крајот на минатата година се спаси од исклучување на струјата откако владата одлучи да пренамени пари од буџеот и да плати дел од долгот кој пак изнесуваше околу 7 милиони евра. Сметките не се плаќале повеќе од три години. Милионски долгови за струја имаат и други државни инситуции како железница, затворите, судовите, факултетите. Сепак според премиерот земјава подобро се справува со кризата од останатите земји во регионот.

Од друга страна пак ЕСМ Продажба, пред неколку дена ги продаде своите ноќни вишоци на фирмата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје, и тоа по цена од 98 до 103 евра за мегават час. Во одредени периоди кога ЕСМ Продажба ги продава своите ноќни вишоци цената на берзата е повисока од онаа на компанијата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе