Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика почна да ги објавува листите на најдобри играчи за 2022 година, а прв кој го доби ова признание е голманот на репрезентацијата на Белгија и мадридски Реал, Тибо Куртоа.
Во анкетата Куртоа доби 125 бода, 15 повеќе од чуварот на мрежата на Аргентина и Астон Вила, Емилијано Мартинез.
Меѓу петте најдобри се уштее Јасин Бону од Мароко, Доминик Ливаковиќ и Уго Лорис.
Куртоа по втор пат во кариерата е избран за најдобар во оваа категорија откако ја доби наградата во 2018 година и му се приклучи на Данецот, Питер Шмахјел.
Рекордери со по пет трофеи е Џанлуиџи Буфон, Икер Касилјас и Мануел Ноер.
Во текот на следните денови ИФФХС ќе ги објави и резултатите од гласањето во изборот на најдобрите според позициите во тимот.
ФОТО: Игор Паневски
