И покрај најавите дека поради евентуална смена на сопственичката структура Манчестер Јунајтед нема да биде активен во текот на јануарскиот преоден рок, челниците на клубот од Олд Трафорд сепак се обидуваат да најдат соодветни засилувања за продолжението од сезоната.
Според пишувањето на дел од медиумите во Шпанија, Црвените ѓаволи испратиле до Лајпциг понуда од 66 милиони евра за комплетирање на трансферот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Покрај Манчестер Јунајтед интерес за 24-годишниот фудбалер покажа и Баерн, но првакот на Германија се уште нема испратено официјална понуда.
ФОТО: Игор Паневски
