Вести Економија Македонија Најважни

ТЕЦ Осломеј повторно во аут

ТЕЦ Осломеј од утрово повторно не произведува струја и е исклучен од мрежата поради ризик од дефект, последица од минатонеделната хавраија и самозапалувањето на јагленот и пожарот кој потоа вработените со брза реакција го изгасија.

Во вентилацискиот ситем кој беше зафатен од огнот е регистрирано зголемено ниво на вибрации, системот и термолекетраната се исклучени и повторно е повикана надворешната фирма за да го санира дефектот.

Информација за сериозноста на дефектот и времето потребно за поправка од ЕСМ нема. Недостатокот на струја ќе се надополни со купување од слободниот пазар.

„Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање. Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа“ – соопштија од ЕСМ.

Денеска преку видео порака се обрати директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој не пропушти да каже дека во 2022 година произвеле 27 отсто повеќе струја од 2021 без да каже дека 2021 година е најслаба во делот на производство на струја од формирањето на државната компанија.

Но мора да се напомене дека ЕСМ распиша набавака на 12,500 мегават ласа струја за периодот од денес до 8 јануари. Засега не е објавен договорот и по која цена е купена струјата.

За последната недела од декември минатата година ЕСМ на три приватни фирми им плати речиси 800 илјади евра повеќе за купшената струја од цената која беше на слоободниот пазар а од државната компанија соопштија дека нема никаква финансиска штета бидејќи податоците на референтната берза ХУПЕКС за нив имале само „информативен карактер“.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе