Вести Економија Македонија Најважни

Кој ќе понесе одговорност за одлуката ЕСМ да прифати фиксна цена за набавка на гас?

Одлуката на ЕСМ да ја прифати понудата за набавка на гас од бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ по фиксна цена а да ја одбие онаа на АД „Макпетрол“ со променлива во зависност од движење на берзата веќе се покажува дека е погрешна.

Со последниот пад на цената на гасот, пресметките покажуваат дека ЕСМ ќе плати над половина милион евра повеќе на бугарската компанија за набавениот гас, токму поради прифатената фиксна цена од 115,97 евра за мегават час.

Пресметките покажуваат дека со денешната цена на берзата, понудата коja „Макпетрол“ ја имадоставено до ЕСМ АД Подружница енергетика е во висина од 105,3 евра за мегават час и е за 10,6 евра пониска од онаа на „Балкан Јутилитис“.

Затоа ЕСМ АД Подружница за купените 33,670 мегават часа по фиксна цена  ќе плати 359 илајди евра повеќе.

Исто така и понудата на „Пром-гас“ кон ЕСМ Продажба веќе е со далеку пониска цена од првичната поради безантските движења.

Но поради изборот на бугарската компанија за набавените 61.693 мегават часа ЕСМ ќе плати вкупно 150 илјади евра повеќе или вкупно за двете понуди државните две компании ќе платат 508 илјади евра повеќе сметајќи ја  денешната цена на гасот.

Меѓутоа денеска се очекува цената на гасот на берзата дополнително да падне а таа намалена цена ќе биде на сила од утре што значи дека разликата во цената која што државните компании ќе ја платат ќе биде уште поголема.

Цените на гасот во Европа оваа недела паднаа на ниво од пред руската инвазија на Украина.

Фјучерсите за природен гас на холандскиот центар ТТФ и референтните договори во Европа последната недела се на најниска вредност од февруари, и се движат околу 77 евра за мегават час.

Прогнозите на експертите се дека цената ќе продолжи да паѓа а со тоа ќе се зголемува разликата во понудата на „Балкан Јутилитис“ и „Макпетрол“ и сумата која што државните компании непотребно ќе ја платат на избраната странска фирма.

Според истражувањата и пишувањата на медиумите во Македонија и регионот, фирмата „Балкан Јутилитис“ се поврзува со рускиот олигарах Александар Лебедев но и со сомнителни зделки на релација Русија, Грција, Бугарија, Кипар, Девствени острови.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе