Вести Економија Најважни

Дали Македонија ќе плаќа поскап гас затоа што ЕСМ за снабдувач избра фирма која понуди фиксна цена

За неколку дена трговците со гас ќе работат на пазарот по нови правила, кој ги наметна договорот  меѓу ГАМА и бугарски „Булгартранс гас“. Но, останатите работи кои ги наметнува овој договор, половично се завршени. Правилниците се објавени во службен весник, но земјава и натаму нема сертифицирано тело за пренос на гас. Процесот е почнат, но не се знае кога ќе биде целосно завршен. Исто така, сите оние кој се дел од овој бизнис за да може да работат, да набавуваат гас ќе мора потребниот КОД да го добиваат од Бугарија, наместо дома.

Од ГАМА уверуваат дека иако на почетокот ќе биде така, тоа нема да им прави проблем на оние кои се дел од овој бизнис.

По високите цени, овој енергенс полека поевтинува. Цената на гасот на берзите почна да паѓа. Со тоа се отвара прашањето дали земјава ќе плати повисока цена за да го добие, со оглед на тоа што пред неколку дена државната ЕСМ потпиша договор со бугарска фирма „Утилитис“, која во услови кога се најавува поевтинување, понуди фиксна цена. На повикот на ЕСМ, бугарската фирма „Балкан Утилитис“, понуди 23 евроценти пониска цена од онаа на Макпетрол, но како што соопшти ЕСМ дале и фиксна цена на природен гас до први мај идната година.

Макпетрол имаше низа забелешки за овој договор. Објаснија дека тие како компанија не понудиле фиксна цена затоа што проценките се дека гасот во следниот период ќе биде поевтин и со тоа  многу е веројатно дека цената на Макпетрол ќе биде пониска од онаа на бугарската фирма.

Претходно од Макпетрол соопштија дека нема да тргуваат поради тоа што не беа донесени подзаконските акти кои треба да го регулираат работењето на пазарот. Но, откако РКЕ ги донесе новите правила, македонскиот трговец со гас се јави на повикот на ЕСМ, каде државните електрани за снабдувач ја избраа бугарската „Утилитис“.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе