Вести Економија Најважни

ЕСМ фаворизира бугарска фирма со фиксна цена во најави за поевтинување на гасот

Наместо домашна компанија која вработува над 2.000 лица, државната ЕСМ одлучи со гас да се снабдува од странска фирма, која нема никакво придонес за домашната економија. „Макпетрол“ има низа забелешки на одлуката на ЕСМ да набави гас од бугарска фирма и објаснувањето на државната компанија за избор на овој снабдувач.

На повикот на ЕСМ, бугарската фирма „Балкан Утилитис“, понуди 23 евроценти пониска цена на струјата за разлика од „Макпетрол“, но како што соопшти ЕСМ дале и фиксна цена на природен гас до 1 мај идната година.

Од „Макпетрол“ велат дека цената која ја понудиле не е фиксна, затоа што проценките се дека гасот во наредниот период ќе биде поевтин и со тоа многу е веројатно дека цената на „Макпетрол“ ќе биде пониска од онаа на бугарската фирма.

„Тоа го знае и ЕСМ Продажба, бидејќи претходно набавуваше гас за период од 15 дена со цел да обезбеди што подобра понуда. Тука се поставува прашањето како пред јавноста ќе се оправда овој договор, доколку цената што „Макпетрол“ би ја понудил биде пониска за јануари, но и за следните четири месеци, односно до 1 мај до кога е објавено дека важи новиот договор. Енергетика како долгогодишен партнер од „Макпетрол“ доби цена на природен гас што е пониска од таа која ЕСМ Продажба ја договори со бугарската компанија „Балкан Утилитис“. Тука се поставува прашањето зошто овој правен субјект треба да плаќа повеќе ако веќе има обебзедено финансиски економична понуда“, се вели во доспиот од „Макпетрол“.

Во вчерашноото соопштетие, ЕСМ наведува дека гасот ќе се користи за потребите на топланите „Исток“ и „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи, пред се поголемите производствени  и услужни капацитети. Од компанијата ги повикаа потрошувачите да се обрататат до ЕСМ Продажба за натамошно снабдување. Со ова се поставува прашањето дали државните институции за да дојдат до природен гас ќе го заобиколат законот за јавни набавки кон кој треба да се придржуваат и ќе го добијат енергенсот без јавен повик.

„На овој план, како сето ова би се извело ако се знае дека ,меѓу потрошувачите има и јавни, односно државни правни субјекти, кои за да купат гас, секој засебно, мора да се придржува до законот за јавни набавки. Ова значи дека сите тие би требало да си објават повик за да обезбедат природен гас“, се вели во дописот.

Од „Макпетрол“ додаваат дека и покрај тоа што сите процедури се испочитувани државната компанија Гама сè уште го нема доставено потребниот КОД без кој што на пазарот со природен гас не би можело да се работи според новите правила, кој, пак, државните институции ги најавија дека ќе почнат да се користат за неколку дена, односно по Нова година.

Пазарот со природен гас треба да се либерализира од 1 јанаури. Претходно од „Макпетрол“ соопштија дека нема да тргуваат поради тоа што не беа донесени подзаконските акти кои треба да го регулираат работењето на пазарот. Но, откако РКЕ ги донесе новите правила македонскиот трговец со гас се јави на повикот на ЕСМ, каде државните електричани за снабдувач ја избраа бугарската „Утилитис“.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе