Вести Економија Најважни

Телма дознава: Регулаторна не прифаќа дел од барањата за зголемени трошоци на енергетските компании

За РКЕ се неприфатливи дел од барањата на енергетските компании, дознава Телма. МЕПСО иако бара зголемување на цената на својата услуга за околу 30% пресметките на РКЕ покажуваат дека таа треба да се намали за 8,6%, а намалувањето на дистрибуција да биде 19.7% иако од компанијата бараа намалување од скромни 2.8%. Со ваквите одлуки на РКЕ очигледно е дека ќе се компензира зголемувањето на ДДВ- то за струја од 5% по Нова година. Со ваквите параметри најверојатно цената на струјата од 1-ви јануари за домаќинствата ќе остане иста. Но конечната одлука регулаторна ќе ја донесе утре, кога и енергетските компании имаат право на жалба.

ЕСМ  пак во следните шест месеци својата струја на ЕВН Хоум ќе и ја продава 16% поскапо еден мегават час за 56 евра наместо досегашните 48 евра. Вчера Регулсторна соопшти дека ако се прифатат сите барања на енергетските компании струјата би поскапела околу 4 отсто, а ако на тоа се додаде и ДДВ- то зголемувањета на цената би било околу 9%.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојче се обидело да се самоубие не можејќи да го трпи малтретирањето од таткото

Дејан Дејан

САД и Иран на преговори во Швајцарија во сенка на нови тензии

Дејан Дејан

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе