Вести Економија Македонија Најважни

Маржите на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до април

Профитните маржи на  основните прехранбени производи остануваат замрзнати до април следната година. Иако оваа мерка е на сила од јуни,  не ги даде посакуваните резултати, сепак Владата на предлог на Министерството за економија, донесе одлука да се продолжи рокот за ограничување на маржата.  Ограничена маржа до  5 проценти има за лебот, шеќерот, маслото за јадење, а за брашното, тестенините, оризот, јајцата млекото и млечните производи маржата е огрничена до  10 проценти.

  • Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година, напиша министерот Бектеши на својот ФБ профил.

Исто така од 1 декември оваа година домашните производители на основните прехранбени продукти користат субвенционирана електрична енергија, но ниту оваа мерка драстично не ги спушти цените на храната.

  • Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме корегирани цени, додава Бектеши.

Се поизвесно е дека скапа храна и висока инфлација не очекува и следната година. Проценките на Народна банка и експертите се дека инфлацијата  годинава ќе надмине 14 проценти. Но ценовните шокови ќе продолжат и во наредниот период, а од Народна банка велат дека се очекува раст на цената на храната и на енергенсите. Според НБРМ, поради зголемениот јавен долг, ќе бидат огарничени и можностите за делување на Владата со нови мерки за ублажување на ценовниот шок.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе