Вести Економија Најважни

Енергетските компании ги доставија пресметките за трошоците, на потег е регулаторот

За околу 9% би било поскапувањето на струјата ако регулаторна ги прифати сите барања на енергетските компании и на тоа се додаде зголемувањето на ДДВ то за струја од 5%. Компаниите веќе ги имаат доставено пресметките на трошоците до РКЕ. МЕПСО бараат околу 30% зголемување на цената на својата услуга. Електродистрибуција намалување од 3%. Но, од друга страна ЕСМ во следните 6 месеци на ЕВН Хоум ќе и ја продава својата струја 16% поскапо. РКЕ се уште анализира што од барањата ќе се прифати. Новата цена на струјата ќе се знае до крајот на неделава.

Бислимовски не смета дека треба да се прават промени во границите на потрошувачката на струја во блоковите. Тврди вака концепирани даваат резултати.

Во изминстиот период ЕСМ направи и сериозни набавки на струја, но од РКЕ неколку пати потенцираа дека тие нема да се пресметаат во крајната цена за домаќинствата. Новата цена на струјата ќе важи од први јануари, властите тврдат дека сериозни скокови нема да има. Очекуваат и намалување на цената за малите потрошувачи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе