Вести Економија Најважни

Две фирми се пријавиле на тендерот за набавка на гас – надлежните не ги откриваат имињата на бугарските фирми кои закупија капацитети од интерконекторот

Засега две фирми се пријавиле на јавниот повик на ЕСМ за набавка на гас, информираат надлежните. Од Министерството за економија уверуваат дека од први јануари непречено снабдување со гас ќе има и за компаниите и за индустријата, но не кажуваат, пак, кои се бугарските фирми коишто закупија простор од интерконекторот. Недоречености има околу тоа од каде тие ќе вршат продажба на гас во земјава, дали директно од Бугарија или пак ќе снабдуваат оттука.

Можеби изгледам малку арогантно, но ние немаме намера да се мешаме какви одлуки се носат во Руската федерација, во Бугарија или во други држави, во делот на закупување на капацитети и долгорочни договори коишто биле претходно. Согласно нашите сознанија, веќе има две понуди пристигнати согласно јавниот повик на ЕСМ којшто беше објавен пред неколку дена. Денес сите заинтересирани страни можат да достават понуда до крајот на денот, рече бектеши.

Подзаконските акти доцнат, а надлежните уверуваат дека до денес ќе бидат усвоени. Макпетрол имаше бројни забелешки за нив. Од компанијата побараа да се пролонгира целиот процес, но од РКЕ велат тоа не е возможно поради договорот на ГАМА со Булгартрансгас.

РКЕ ги доби подзаконските акти во средата, одржа јавна расправа. Некои конструктивни забелешки ќе бидат имплементирани и најверојатно денес ќе ги усвоиме сите тие подзаконски акти, рече претседателот на рке бислимовски.

Претходно, од „Макпетрол“,соопштија дека нема да увезуваат и испорачуваат гас од 1 јануари следната година, бидејќи договорот со „Булгартрансгас“ за неа создава променети и неприфатливи услови за работа.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе