Вести Економија Топ вести

Избувна пожар близу термоелектраната РЕК Осломеј

Термоелектраната РЕК Осломеј од синоќа е исклучена од производство. Се самозапалил несогорен јаглен кај еден од вентилаторите. Пожарникарите до доцна во ноќта го гаснеле пожарот, иако од ЕСМ велат дека бил мал и дека тие самите го локализирале. Уверуваат дека брзо ќе биде вратен за производство.

Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј. Застојот нема да предизвика недостаток на електрична енергија во системот, односно конзумот ќе биде задоволен преку другите производни капацитети, соопштија од ЕСМ.

По дојава на граѓани денеска на терен и инспекторатот за животна средина.

За познавачите од областа на енергетиката станува збор за лош квалитет на јаглен кој не е соодветен за термоелектраната.

Професорот Димитров додава дека не се исклучува можноста јагленот да бил натопен со мазут.

РЕК Осломеј кој е стар 42 години беше вклучен на мрежа на 3 декември,а долго време се работеше на него за да нема испади во текот на грејната сезона. Кичевскиот капацитет е најпотребен за зимските месеци, кога потребата од електрична енергија е најголема, а истовремено купувањето струја од странство е скапа опција.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе