Вести Економија Топ вести

Кржаловски- Македонија живее во едно должничко ропство, Ацевски – Потребни се храбри чекори

„Економската криза се домстрира и со тоа што вештачки се подигнуваше минималната плата но, не функционира така економијата. Со тоа што се покачија минималните плани со одлука на влада, наместо да си ги пружиме нозете колку што ни е долго чергичето. Над 8 милијарди е долгот, толку Југославија имаше долг, владеењето на ВМРО – ДПМНЕ заврши на 4,7 милијарди, сега го надминуваме европскиот стандард 60% од БДП да биде задолжувањето. Ние сме благодарни на помошта од ИПА фондовите кои се 70-80 милиони евра годишно, а ние само за камати враќаме 120 милиони настрана основицата. Тоа е должничко ропство“, рече во вечерашната Топ Тема на Телма аналитичарот Александар Кржаловски директор на МЦМС.

Според анкетата на ИРИ месечниот домашен буџет делумно или целосно не може да покријат 60% од испитаниците. Дали сиромаштијата може да предизвика немири?

Универзитетскиот професор Ацевски одговори дека може но, смета дека не е лесно тоа да се проектира.

„Македонија пред се е социјална држава оние граѓани кои се соочуваат со тие елементарни претпоставки за еден нормален живот, државата тоа нив мора да им го обезбеди“, вели Ацевски.

Во Македонија има повеќе од 40.000 граѓани кои живеат со помалку од 100 денари на ден

„Ако вака продолжува во Македонија ќе дојдеме до таа провалија, но има критична маса која може да донесе до промена. Тоа значи дека пред нас следи период на тешка состојба која бара храбри чекори која мора Македонија да ја извлче од оваа состојба“, заклучи социологот, професор во пензија Илија Ацески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе