Вести Економија Топ вести

Ковачевски: И од 1 јануари нема да има ценовен шок за граѓаните во сметките за струја

Владата во текот на целиот изминат период ја субвенционира цената на електричната енергија и со тоа не дозволивме да има ценовен шок за граѓаните. Така беше до сега, така ќе биде и од 1 јануари, но убаво е да се знае дека постои субвенција на цената на електрична енергија заради штедењето, бидејќи секој заштеден киловат од граѓаните, од стопанството и од институциите значи и помалку потрошени финансиски средства од страна на Буџетот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, не е пропаганда фактот што на сметката за потрошена електрична енергија стои дека државата субвенционира 73 отсто од неа, бидејќи таму стои колкава е субвенцијата од страна на Владата, а не субвенција од политички партии.

Сметката ниту е пропаганда, ниту, пак, е флаер, туку е сметка за електрична енергија. Електричната енергија државата ја субвенционира за целиот регулиран пазар. Доколку се погледне цената на електричната енергија на берзите во моментов е сигурно 300 евра, а минатата недела беше 500 евра. Намалена е затоа што во Западна Европа се божиќните католички празници, но кога ќе завршат и кога индустријата ќе почне да работи со полн капацитет цената сигурно повторно ќе биде зголемена, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Како што појасни ЕСМ произведува електрична енергија која ја испорачува на ЕВН за да ја дистрибуира до купувачите, односно до регулираниот пазар составен од 600 илјади домаќинства и 70 илјади мали потрошувачи – мали и средни претпријатија кои вработуваат 98 проценти од вработените во државата.

ЕСМ испорачува енергија која е практично субвенционирана од страна на Владата. Таа субвенција се носи во Буџетот и и се префрла на ЕСМ за да набави енергенси и да произведе електрична енергија која потоа преку ЕВН се продава. Таа субвенција изнесува 73 проценти од цената на електрична енергија која граѓаните би ја платиле доколку не е субвенцијата од страна на државата до ЕСМ и преку ЕСМ до крајните потрошувачи кои добиваат електрична енергија, посочи Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе