Вести Економија Македонија Топ вести

Општините и големите фирми не сакаат да се вратат на отворен пазар- ЕВН насила ќе ги враќа

Општините и фирмите не сакаат да се вратат на отворен пазар и да купуваат струја по  берзански цени.

Ова им  го налага владината одлука , во која  стои дека по Нова Година,  тие повеќе нема да можат струја  да добиваат  на регулиран  пазар, од каде што се снабдуваат домаќинствата  и која е поевтина.

Од ЗЕЛС за Телма соопштија дека веќе испратиле допис до Уставен суд,  со кој  бараат,  Општините да бидат изземени од оваа владина одлука.

„Испративме доспис до Уставен суд  со кој бараме за нас да не важи оваа одлука или да биде одложена,  затоа што Општините не може да се ставаат  во ист кош со бизнис  секторот и компаниите кои прават профити. Од друга страна,  ако Општините од први  јануари треба да бараат  нов снабдувач со струја, постапката трае повеќе од три месеци.  Струјата на берзите пак  се уште е многу скапа и ќе биде сериозен товар за работењето, а Општините  законски имаат право да бидат дел од  регулираниот пазар. На управниот одбор  на Зелс една од главните точки ќе биде токму ова прашање“ – велат до ЗЕЛС.

Компаниите пак се жалат во ЕВН. Од таму  за Телма велат дека до нив секојдневно пристигнуваат претставки од фирми и бараат да продолжат со струја да се снабдуваат  на регулиран пазар.

Но, од компанијата потенцираат дека тие не се местото каде што треба  да се жалат и дека ЕВН ќе ја почитува владината одлука сите кои не припаѓаат, од први јанаури да се вратат на отворениот пазар на струја.

Листата на фирми  и општини кои со посебен метод  дојдоа до поевтина струја е долга и  тука влегуваат  голем број компании  чии имиња се познати во јавноста.

КОД  веќе објави  некои  од имињата. На списотк има фирми од речиси сите дејности.

За ваквата скандалозна шема,  алармот уште на почетокот на годинава го вклучи Регулаторна. Проблемот одекна и во јавнсота, а списокот на шемаџиите дојде и во рацете на Финансиската  полиција, а од скоро го доби и   УЈП.  Финансова  провери   голем дел од компаниите и извештајот го достави до обвинителството.

Но, од таму велат,  предистрагата продолжува ќе се проверуваат и сметководствените  евиденции.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе