Вести Економија Топ вести

Ковачевски не ги објавува имињата на разрешените директори за да не се прави сензација од процесот

Иако тврдат дека се транспаретни, премиерот Ковачевски не ги открива имињата на разрешените раководителите кои поради недомаќинско работење направиле големи долгови за струја. Напротив, тој се обиде да одбрани дел од нив дека тоа се случувало поради енергетската криза и наглото поскапување на струјата на берзите, иако некои од државните инстиуции фактурите не ги плаќале повеќе од три години во периодот кога не стануваше збор за криза. Пред извесно време тој рече дека не сака такви раководители и ќе бара одговорност. Но , денеска не ги кажа нивните имиња , затоа што од целиот процес не сакал да се прави сензација.

-Јас не сум човек кој е сензационалист, три пати ви одговарам од оваа говорница нема да посочувам со прст на луѓе кои што имаат свој професионален интегритет за да може од тоа да правиме вести, бидејќи секој кој обавува фунцкија треба да биде третиран согласно стандардите, а ја сум претпоставен на сите тие, вели Ковачевски.

Долговите за струја кои ги направија дел од јавните и државни инстицуии, а кои намдинуваат 40 милиони евра, сега ќе се покриваат со прераспределба на пари од буџетот,  за да се спасат од исклучување. Од кои ставки се крати и дали ќе се чепка во капиталните инвестиции,  Коавечевски не прецизираше.

Aко сакате да почекате да го донесеме буџетот да го прегледаме заедно, но ќе одземе многу време.  Секоја институција која што нема да покаже реализација на инвестиции во прв моментов се ставаат резервации на парите и ако нема реализација средствата се ставаат во друга институција, вели Ковачевски.

Клинички вчера за влаконо се спаси од исклучување. Долгот на „Мајка Тереза“ е околу 7 милиони евра. Македонски Железници кои пак имаат долг од над 6,5 милиони евра вчера неколку часа беа во мрак. Струјата беше вклучена, откако државата до ЕВН испрати гаранција дека долгот ќе се плати и тоа за сите. Известување за исклучување имаат добиено и затворите, судовите , факултетите. Тие до 22 декември имаат рок да преземат нешто околу проблемот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе