Вести Економија Топ вести

56 евра за мегават е понудата на ЕСМ за ЕВН

56 евра за мегават час е цената која што ЕСМ ја понуди на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, а која беше доснесна со одлука на Владата на затворена седница во средата. По оваа цена државните електрани од 1 јануари до 30 јуни ќе ја продаваат произведената струја на ЕВН Хоум и целосно ќе ја покријата побарувачката. Ова е за 16 отсто повисока од досегашната цена на ЕСМ за ЕВН Хоум која изнесуваше 48 евра за мегават час.

Реалната производствена цена на мегават час на ЕСМ изнесува 73 евра а разликата ќе се покрива со пари од буџетот.

Од ЕВН соопштија дека ЕСМ е единствениот понудувач на тендерот кој завршува денеска.

Повисоката цена на ЕСМ нема да влијае врз цената на струјата која што од 1 јануари ќе ја плаќаат граѓаните и фирмите кои се на регулираниот пазар, повтори премиерот Ковачевски. Тој очекува намалување на цените во првите два тарфини блока и за малите фирми.

ЕСМ ќе оди со цена од 110 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Електродистрибуција за покривање на загубите на електрична енергија односно кражбите на струја. Која цена ЕСМ ќе ја достави до МЕПСО ќе се знае откако следната недела ќе биде објавен тендерот на оваа државна компанија.

Откако ЕСМ ќе ги достави понудите односно цените на трите тендери на ред доаѓа Регулаторната комисија која што треба да ги направи пресметките, да пресече кои трошоци ќе ги признае, и да ја формира конечната цена на струјата за регулираниот пазар која ќе важи од 1 јануари.

Она досега е потврдено е дека ќе се зголеми ДДВ-то за струја од 5 на 10 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе