Децата треба да се охрабруваат да го препознаваат и пријавуваат насилството меѓу врсниците, порачуваат психолозите. Потиснувањето на насилството може да доведе до многу проблеми во развојот на личноста и кај детето жртва и кај детето што го прави насилството.
И министерката за труд и социјална политика смета дека е клучно да се пријавува врсничкото насилство. За последните случаи рече дека тимови на центрите за социјална работа излегле на терен и се преземаат мерки.
Последниот случај со булинг е во неготинскто село Пепелиште. Дете било малтретирано од двајца врсници а изнудени му се и пари, за што детето без знаење на рдоителите земало од дома.
Градоначалникот на Општина Неготино, Горан Стојанов, вели дека вчера директорот ис тручните служби на ОО Страшо Пинџур разговарале со вклучените во случајот, и со Центарот за социјални работи, а полицијата води истражна постапка.
Сузана Мицева