Спорт Фудбал

Де ла Фуенте е наследникот на Енрике на клупата на Шпанија

Луис Енрике повеќе не е селектор на Шпанија. Тој ја напушти функцијата веднаш по елиминацијата на „фуријата“ од Мароко во осминафиналето на Светското првенство. Федерацијата не чекаше многу и веднаш го именуваше неговиот наследник.

Шпанија имаше разочарувачки настап на Мундијалот во Катар, па Енрике реши да се повлече од позицијата и да го отстапи своето место на друг тренер, кој треба да почне нов проект во националниот тим.

„Црвената фурија“ на Светското првенство оствари само една победа и тоа во првото коло од групната фаза кога ја декласираше Костарика со 7-0. Потоа ремизираше со Германија и загуби од Јапонија. Во осминафиналето, Шпанија беше елиминирана од Мароко на пенали откако натпреварот заврши 0-0.
Енрике седна на клупата на Шпанија по Светското првенство во 2018 година, но ја водеше репрезентацијата само три години. Еден период мораше да се повлече откако на неговата мала ќерка и беше дијагностициран рак, а набрзо потоа и почина. Тој се врати пред Европското првенство и ја водеше Шпанија до полуфиналето, но разочарувачкиот настап во Катар значеше и крај на неговиот мандат.

Шпанската фудбалска федерција денеска веднаш објави дека нов селектор ќе биде Луис де ла Фуенте. Овој 61-годишен шпански стратег работи во федерацијата од 2013 година, а во 2015 година ја предводеше репрезентацијата до 19 години до Европското првенство, а потоа беше европски шампион и со селекцијата до 21 година во 2019 година, на Олимписките игри во Токио го освои сребрениот медал. Неговот деби на клупата ќе биде во март против Норвешка во квалификациите за ЕП 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

МЗТ го испушти баражот: Ќе има шанса да му се реваншира на Широки во плејофот

Дејан Дејан

Мартин славеше во Португалија, прв подиум за дебитантот Акоста

Дејан Дејан

Хубер со неверојатни скокови дојде до титулата во ски летови на Планица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе